На 4 декември 2024 година, претставници на Светска банка остварија работна средба со релевантни институции во земјата, при што беше дискутирана тековната имплементација на набавките во рамките на проектите финансирани од Светска банка, како и предизвиците и можните решенија за нивно подобрување.
Посебен акцент беше ставен на реформите во јавните набавки и поддршката која Светската банка ја обезбедува во оваа област, вклучително и унапредувањето на системите за електронски јавни набавки.
Претставниците на Светската банка ја истакнаа важноста на продолжување на соработката преку обуки, размена на искуства и примена на најдобрите меѓународни практики во ревизијата и мониторингот на јавните набавки. Во наредниот период се очекува конкретизирање на соработката преку официјален договор, со цел зголемување на ефикасноста, транспарентноста и интегритетот на јавните инвестиции.