Биро за јавни набавки

Учество на 9-та Конференција на Азиската-тихоокеанска мрежа за Електронски јавни набавки

Во периодот 18-20 Октомври во Тбилиси, Р. Грузија, се одржа конференција организирана од Азиската банка за развој (АБР) и Светска Банка (СБ), за електронските јавни набавки и електронските алатки кои се користат во јавните набавки на глобално ниво. На конференцијата своја презентација имаа Марија Јованоска и Горан Давидовски, како претставници на Бирото за јавни набавки и го претставија националното решение за Црвените Знаменца имплементирано на Електронскиот систем за јавни набавки. Исто така учествуваа во панел-дискусијата на тема – „Развој на дигитални алатки како поддршка на интегритетот и антикорупцијата во јавните набавки”. Презентацијата наиде на голем интерес од учесниците на конференцијата. Останати учесници на конференцијата беа експерти од меѓународните финансиски институции како СБ, АБР, претставници од националните агенции за јавни набавки од азиско-тихоокенаскиот регион, претставници од софтверски компании, НВО-а кои работат во областа на јавните набавки и антикорупција и др.