Со задоволство Ви соопштуваме дека Бирото за јавни набавки, Секторот за следење на системот за јавни набавки, управување со ЕСЈН и развој на електронски алатки објави видео туторијали на својот YouTube канал. Овие видеа се најновиот ресурс за образование и поддршка за користење на Електронскиот пазар за набавки од мала вредност.
Со цел да ги подобриме Вашите познавања за процесот на спроведување на набавките преку платформата, нашите видео туторијали ги објаснуваат аспектите на овој процес како од страна на договорните органи, така и од страна на економските оператори. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за предностите на користењето на платформата е-Пазар, каде набавките се спроведуваат побрзо и поедноставно.
Се надеваме дека овие нови ресурси ќе Ви помогнат да ја разберете платформата е-Пазар за набавки од мала вредност и ќе ве охрабрат за нејзино активно користење.
Покрај видео туторијалите, имаме објавено и детални прирачници за користење на платформата е-Пазар. Овие прирачници ќе Ви обезбедат дополнителна поддршка и референца за успешно користење на системот.
За да ги видите видео туторијалите и прирачниците, посетете го нашиот YouTube канал и веб-страницата на Бирото за јавни набавки.