Бирото за јавни набавки имплементира Грант од Светска банка за подобрување на Електронскиот систем за јавни набавки. За таа цел, БЈН спроведува постапка за набавка на консултантски услуги од меѓународен индивидуален консултант согласно со правилата за набавки на Светска банка. Поканата за изразување интерес и проектната задача можете да ја добиете со кликнување на линковите подолу. Крајниот рок за изразување интерес е до 31 март 10 април 2017 година до 12 часот на пладне по локално време.
За нас

Бирото за јавни набавки е формирано како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Македонија.