Објавен извештај од воспоставени индикатори за следење на ризиците во јавните набавки

Врз основа на статистичките податоци добиени од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и базата на имплементирани извештаи (Red Flags- Црвени знаменца), Бирото за јавни набавки врши анализи и изготвува Извештаи со цел следење на ризиците во јавните набавки и потенцирање на можни коруптивни практики при спроведувањето на постапките.

Бирото ги објавува Извештаите на својата веб страница, а истите ги проследува и до Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција и Комисијата за заштита на конкуренцијата со цел понатамошни анализи, евентуално постапување и/или преземање на дополнителни активности.

Напоменуваме дека статистичката база на ЕСЈН и базата на имплементирани RedFlags извештаи обработуваат податоци кои се внесуваат и прикачуваат на ЕСЈН од страна на корисниците при спроведувањето на постапките. Oттаму одговорноста за точноста и веродостојноста на податоците на ЕСЈН ја сносат самите корисници (договорни органи и економски оператори).