Бирото за јавни набавки е формирано како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Македонија.
Бирото за јавни набавки го изготви Годишниот план за едукација за 2018 година. Истиот можете да го погледнете подолу во табела. Пријавувањето за обука ќе се врши само електронски со пополнување на апликацијата која можете да ја најдете тука. При пополнување на апликацијата, се одбира термин, при што петдневните термини се однесуваат на обука за кандидати кои по прв пат треба да се стекнат со потврда за положен испит за лице за јавни набавки, еднодневните термини се однесуваат на кандидатите кои треба да ја обноват важноста на својот сертификат, додека дводневните термини се однесуваат на обука за економски оператори.