Директор

Ѓорѓи Георгиевски

М-р Ѓорѓи Георгиевски е роден на 16 Мај 1981 година. Средно образование  завршил во ,,СОУ Љупчо Сантов” Кочани, а Високо образование на Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Магистер е по правни науки од областа на правото на интелектуална сопственост на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” Скопје.

Како управител на приватна компанија (2006-2017) има развиено висока способност за отворена комуникација со вработените, управување на голем број човечки ресурси и задоволување на нивните потреби. Исто така поседува способност за работа во тим, високо ниво на емпатија и развиено чувство за задоволување на потребите на луѓето и развивање на комуникација со јавноста со цел креирање на транспарентен социјален дијалог.

Има учествувано на голем број на семинари, работилници и конференции од областа на правото и интелектуалната сопственост, социјални медиуми, бази на податоци, заштита на лични податоци каде има развиено високо ниво на комуникациски вештини. За вршител на должноста директор на Бирото за јавни набавки е именуван на 03.08.2017 година.

Поранешни директори: