Новости

Нова брошура за критериумите за доделување на договор, евалуација на понудите и доделување на договорот

Почитувани посетители, Бирото изготви нова Брошура за тендерска документација, критериуми за утврдување на способност, посебни начини за доделување на договори. Истата можете да ја преземете тука.

Покана за изразување интерес за меѓународен консултант

Бирото за јавни набавки имплементира Грант од Светска банка за подобрување на Електронскиот систем за јавни набавки. За таа цел, БЈН спроведува постапка за набавка на консултантски услуги од меѓународен индивидуален консултант согласно со правилата за набавки на Светска банка. Поканата за изразување интерес и проектната задача можете да ја добиете со кликнување на линковите подолу. Крајниот рок за изразување интерес е до 31 март2017 година до 12 часот на пладне по локално време.

Опис на работни задачи и обем на услуги

Барање за изразување на интерес

Покана за изразување интерес за локален консултант

Бирото за јавни набавки имплементира Грант од Светска банка за подобрување на Електронскиот систем за јавни набавки. За таа цел, БЈН спроведува постапка за набавка на консултантски услуги од локален индивидуален консултант согласно со правилата за набавки на Светска банка. Поканата за изразување интерес и проектната задача можете да ја добиете со кликнување на линковите подолу. Крајниот рок за изразување интерес е до 31 март 2017 година до 12 часот на пладне по локално време.

Опис на работни задачи и обем на услуги

Барање за изразување на интерес

Ден на отворени врати – март 2017 година

Почитувани посетители,

Заради натамошен развој и унапредување на системот на јавните набавки почнувајќи од 2015 година, Бирото за јавни набавки воспостави праксата на непосредна размена на мислења, знаења и искуства, како со договорните органи, така и со економски оператори. Со цел  продолжување на истата,

Ве покануваме на:

„Ден на отворени врати”

Во петок, 17 март 2017 година во просториите на Бирото за јавни набавки на адреса:

Биро за јавни набавки
Палата „23 октомври“
ул. Даме Груев бр.12 2-кат, 1000 Скопје

Со цел, поефикасно организирање на Вашата посета, предвидени се два термини и тоа:

  • 10.00 – 12.00 часот (за претставници на договорни органи); и
  • 13.00 – 15.00 часот (за претставници на економските оператори).

Во интерес на подобро организирање на „Денот на отворени врати”, ги повикуваме

  • претставниците на договорните органи своето учество задолжително да го најават преку e-mail на aleksandar.danailov@bjn.gov.mk или на телефон: 02/32 55 706
  • претставниците на економските оператори своето учество задолжително да го најават преку e-mail на biljana.karakashova@bjn.gov.mk или на телефон: 02/32 55 697.

Притоа, во пријавата наведете ја темата како и прашањата кои Ви се од посебен интерес и за кои сакате да размените мислења, односно сакате да ги поставите на вработените во Бирото за јавни набавки. Напоменуваме прашањата да се однесуваат на проблеми на кои наидувате во пракса, а предлозите да се во функција на унапредување на легислативата за јавни набавки .

Поради ограничен капацитет на салата за состаноци, бројот на учесници, од секој договорен орган/економски оператор ќе биде ограничен на најмногу 2 вработени.

Извештај за реализација на годишниот план за едукација во 2016 година

Како и секоја година, и овој пат Бирото изготви Извештај за реализацијата на годишниот план за едукација во минатата година. Извештајот има сеопфатни податоци за реализираните обуки за сертификација и ресертификација на службениците за јавни набавки, како и за спроведената ресертификација на обучувачите. Извештајот можете да го видите тука.

Бирото продолжува со ажурирање на прирачниците

Почитувани посетители, една од главните активности за подобрување на праксата и знаењето за јавни набавки кај сите заинтересирани субјекти е континуираната едукација и креирањето корисни алакти кои ќе ви помогнат полесно да се снаоѓате со различните аспекти од постапките за јавни набавки. Со таа цел, Бирото продолжи да ги ажурира објавените прирачници и брошури. Неодамна ги објавивме најновите верзии на Прирачниците за начинот на користење на ЕСЈН за договорни органи и за економски оператори. Истите можете да ги симнете тука. Напорите за ажурирање на брошурите и прирачниците продолжуваат и понатаму и наскоро ќе објавиме нови брошури за повеќе аспекти од оваа проблематика.

Нова брошура за критериумите за доделување на договор, евалуација на понудите и доделување на договорот

Почитувани посетители, Бирото за јавни набавки континуирано работи на подобрување на постојните прирачници и брошури и продуцира нови согласно со своите законски надлежности. По тој повод, Бирото изготви нова брошура за критериумите за доделување на договор, евалуација на понудите и доделување на договор за јавна набавка. Истата можете да ја преземете тука.

Доделени потврдите за положен испит за обучувач

На 16.01.2017 година, во просториите на Бирото за јавни набавки од страна на в.д. Директорот м-р Александар Аргировски, беа доделени потврдите за положен испит за обучувачите кои предаваат на обуките организирани од Бирото. Обучувачите се ресертифицираат по трет пат оваа година, по одржаната обука во текот на месец септември. Обучувачите се лица со богато искуство во спроведувањето на јавните набавки кое успешно го пренесуваат на лицата кои ги посетуваат обуките за јавни набавки веќе седма година по ред. Во продолжение можете да ја погледнете галеријата со слики од настанот.

Објавен Годишниот план за едукација за 2017 година

Почитувани посетители, Ве известуваме дека Бирото го донесе Годишниот план за едукација за 2017 година. Планот е објавен на веб страницата на Бирото, а веќе се отворени и првите термини за пријавување. Пријава можете да испратите на следнава електронска адреса: obuki@bjn.gov.mk

Препорака за договорните органи кај набавката на авио-билети

Почитувани,

Бирото за јавни набавки, поаѓајќи од своите законски надлежности од членот 14 став 1 алинеја 2 од ЗЈН, констатираше дека во примената на законот зачестено се јавуваат предизвици при набавката на авио-билети и други набавки каде се јавува 0,01 денар како дел од цената што е предмет на аукција. Во координација со Државната комисија за жалби по јавни набавки, Бирото им препорачува на договорните органи при изготвување на тендерската документација за набавка на авио-билети да се предвидат конкретни одредби во истата за начинот на формирање на цената, односно делот од цената што ќе биде предмет на е-аукција (вообичаено е TSC). Исто така, потребно е во тендерската документација договорниот орган да го предвиди принципот “кој прв поднесе понуда” доколку две или повеќе понуди имаат идентична цена и други услови кои се важни за добивање споредливи понуди. При тоа, треба јасно да се дефинира дека она што се смета за цена на понудата е само дел од вкупната цена која договорниот орган ќе ја плати при набавка на авио-билети. Договорниот орган треба за целото времетраење на договорот  да ја следи неговата реализација, при што TSC по билет (доколку тоа било предвидено како цена на понудата) не смее да биде различен од износот за плаќање на TSC искажан во понудата по спроведена е-аукција, по добиена конечна цена или во случај кога износот на TSC е 0,01 денар поради што не е можно да се спроведе е-аукција. Доколку договорниот орган планира како вредност на договорот да биде износот на средства обезбеден со одлуката за јавна набавка, истото да се наведе во моделот на договорот или во задолжителните елементи на договорот.

Во меѓувреме, Бирото ќе иницира изготвување на модел на тендерска документација во соработка со договорни органи кои имаат најголемо искуство во овој дел и со претставници од деловната заедница, а со цел да се олесни примената на законот. Исто така, ги советуваме договорните органи доколку тендерската документација не содржи модел на договор, во задолжителните елементи на договорот да внесат содржина на оние елементи кои се суштествени за договорот. Сметаме дека наведувањето само на називите на заглавијата на договорот не е доволно за правилна и доследна примена на законот.

Со почит,

Биро за јавни набавки