Јавен повик

Ј А В Е Н  П О В И К
за учество на едукацијата за јавни набавки

Ги покануваме сите заинтересирани лица кои работат во јавните набавки кај договорните органи да се пријават за посетување на „Модулот за обука на договорните органи“ согласно Програмата за едукација за јавните набавки. Пријавувањето се врши со пополнување на пријава во електронска форма ТУКА.

За да може да учествува на едукацијата за договорни органи (за лицата кои по прв пат посетуваат обука за договорни органи), кандидатот треба да достави доказ дека е уплатен надоместокот за учество. Висината на надоместокот за посета на овој модул изнесува 9.500 денари за секое лице поединечно и се уплатува на сметка 090016148463115, приходна шифра 724149 со назнака „за едукација за јавните набавки“. Надоместокот се уплаќа пред почеток на едукацијата, а откако Бирото за јавни набавки ќе Ви потврди дека имате резервирано место за терминот кој е објавен.

За да може да учествува на едукацијата за договорни органи (за лицата кои посетуваат обука поради тоа што важноста на потврдата со која се стекнале им е истечена), кандидатот треба да достави доказ дека е уплатен надоместокот за учество. Висината на надоместокот за посета на овој модул изнесува 2. 000 денари за секое лице поединечно и се уплатува на сметка 090016148463115, приходна шифра 724149 со назнака „за едукација за јавните набавки“. Надоместокот се уплаќа пред почеток на едукацијата, а откако Бирото за јавни набавки ќе Ви потврди дека имате резервирано место за терминот кој е објавен.

За да може да учествува на едукацијата за економски оператори кандидатот треба да достави доказ дека е уплатен надоместокот за учество. Висината на надоместокот за посета на овој модул изнесува 3000 денари за секое лице поединечно и се уплатува на сметка 090016148463115, приходна шифра 724149 со назнака „за едукација за јавните набавки“. Надоместокот се уплаќа пред почеток на едукацијата, а откако Бирото за јавни набавки ќе Ви потврди дека имате резервирано место за терминот кој е објавен.

На едукацијата во рамки на еден термин може да учествуваат најмногу 21 кандидати. Доколку за предвидениот термин се пријават повеќе од максималниот предвиден број, предност ќе имаат кандидатите според редоследот на пријавување. Бирото за јавни набавки ќе ги контактира сите кандидати кои пополниле пријава за учество и ќе ги извести за статусот на нивната пријава. Оние кандидати од листата на чекање кои нема да влезат во предметниот термин ќе се префрлат во наредниот термин за одржување на едукацијата.

Напоменуваме дека учесниците на обуката надометокот го уплаќаат за учество на обуката, а со иcтиот надоместок се покриваат и трошоците за материјалите на обуката и писмените испити. Учесниците нема да можат да ја завршат целосно обуката доколку не приложат доказ за уплата на надометокот.

На веб страната на Бирото континуирано ќе се објавуваат јавни повици за учество на едукацијата согласно со Планот за едукација за 2017 година, така што може да ја планирате Вашата обука според терминот кој најмногу Ви одговара. Сепак, ќе можете да се пријавите само за оние термини кои во моментот се отворени за пријавување.

Со почит
Биро за јавни набавки

Агенда за петдневна едукација за договорни органи

Агенда за еднодневна обука за договорни органи

Агенда за дводневна обука за економски оператори