Министер

м-р Зоран Ставрески

Дата на раѓање
29 октомври 1964
Охрид, Република Македонија

Брачна состојба
Женет, 1 дете

Познавање на јазици
Англиски, одлично

ОБРАЗОВАНИЕ : Магистер по Економски науки

  • Магистерски труд: Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти – случајот на Република Македонија; Универзитет ”Св.Кирил и Методиј“, Економски Факултет, Скопје, 1997
  • Дипломиран економист, 1987; Универзитет ”Св.Кирил и Методиј“, Економски Факултет, Скопје

КВАЛИФИКАЦИИ
Петнаесетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономската политика. Практично искуство во изработка и спроведување на економски политики и структурни реформи. Истражувачка и уредувачка работа на тема буџетска поддршка. Одлични аналитички и истражувачки способности.

Богато искуство во спроведување на дијалог со приватниот сектор и меѓународните финансиски институции и развојните организации (ММФ, Светска банка, Европска унија, ЕБОР, Совет на Европската развојна банка, УСАИД), вклучувајќи и експертиза во земјите во транзиција (Република Македонија, југо-источна Европа) и во меѓународните финансиски институции. Познавање на политиката и оперативните процедури на Светска Банка.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО

Влада на Република Македонија јули 2009 – денес

Министер за финансии и Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија

Влада на Република Македонија август 2006 – јули 2009

Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски работи

Координатор на министерствата кои ја покриваат економската област: политики, проектни и реформски активности на Владата, вклучувајќи фискална политика, даночни реформи, регулаторна реформа, реформи во катастарот, промовирање домашни и странски инвестиции, инфраструктурни инвестиции, земјоделска политика итн.

Водење дијалог помеѓу Владата и бизнис заедницата.

Водење преговори со меѓународните финансиски институции.

Координатор на економските критериуми за пристапување кон ЕУ

Стратешки координатор на две компоненти на ИПА инструментот за претпристапна помош од Европската комисија: регионален развој и развој на човечки ресурси


Претседавач на Годишните собранија на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за 2008 година

Светска банка февруари 2006 – август 2006

Водечки економист за развојни политики – Одделение за операциони политики и услуги за земјите членки (Operational Policy and Country Services)

  • Преглед на развојните операции и политики на Светска банка во сите региони, изработка на коментари и учество на регионалните оперативни комитети
  • Советодавна поддршка на раководителите на тимовите на проектите во земјите членки на СБ при дизајнирањето на развојните политики содржани во проектните документи за развојните кредитни операции на Банката
  • Преглед и изработка на коментари на доставените Стратегии за поддршка на земјите (Country Assistance Strategy) за сите региони на Банката, изработка на советодавни коментари за генерални стратешки прашања, дизајн, кредитни и некредитни програми, матрици во документите, итн.
  • Член на уредувачкиот одбор и автор на еден текст во книгата „Буџетска поддршка“

Светска банка септември 2005

Консултант – Одделение за операциони политики и услуги за земјите членки (OPCS)

  • Ко-автор на истражувачки материјал за буџетската поддршка, презентиран како дел од материјалот „Преглед за условните политики и Банката“
  • Ко-уредник на публикацијата за буџетска поддршка, базирана на материјалите презентирани на конференцијата одржана во Кејп Таун, Јужна Африка во мај 2005 година

Светска банка март-август 2005

Консултант – Одделение эа Европа и Централна Азија за намалување на сиромаштијата и економски менаџмент

  • Истражување на јавните расходи во Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија)
  • Автор на две поглавја во регионалната студија за „Политиките на јавните расходи во Југоисточна Европа“

Светска банка 2001 – 2004

Советник на извршниот директор во Холандската конституенца

  • Советник во Извршната канцеларија на Холандската конституенца за Република Македонија и Босна и Херцеговина. Комуникација со властите и тимовите на Светска банка за прашања од интерес на двете земји, формулација и имплементација на аранжманите
  • Советник на тимовите на Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) од 25 земји од франкофонска Африка. Комуникација со тимовите за проекти и прашања од интерес на земјите

Министерство за финансии јануари 2000 –  март 2001

Потсекретар

  • Координирање и управување на активностите во четири сектори на министерството: меѓународни финансии, макроекономска политика и анализа, финансиски сектор и даночна политика
  • Советник на министерот за финансии за макроекономската политика и структурните реформи
  • Активен учесник во изработката и спроведувањето на реформите во банкарскиот систем и финансискиот сектор
  • Координатор на реформите на платниот систем
  • Активен учесник во изработката и спроведувањето на проектот за воведување на данокот на додадена вредност
  • Координатор на Стратегијата за управување со јавниот долг
  • Член на Комитетот за реформи во јавната администрација
  • Член на тимот на Владата на Република Македонија за преговори со Меѓународниот монетарен фонд
  • Координатор на портфолиото на Светска банка за Република Македонија

Народна банка на Република Македонија 1997 – 2000

Директор на Дирекцијата за истражување

  •  Координирање и управување на работата во Дирекцијата
  • Формулирање на монетарната политика во координација со останатите дирекции во Банката
  • Изработка на проекција на монетарната политика и нејзина имплементација
  • Уредник и изработувач на редовни и повремени публикации (Годишен извештај, квартални публикации и работни материјали)
  • Член на преговарачкиот тим на Централната банка за преговори со Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Народна банка на Република Македонија 1993 – 1997

Истражувач – Дирекција за истражување

  • Член на тимот за изработка на Годишниот извештај и останати публикации на Централната банка
  • Дел од тимот за изработка на проекцијата на монетарната политика
  • Учесник во тимот за усогласување на монетарната статистика со меѓународните стандарди
  • Член на оперативниот тим на Централна банка за преговори со Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

АД Аутомакедонија 1990 – 1993

Комерцијалист – Сектор увоз и извоз

  • Увоз на автомобили и автомобилски делови
  • Извоз на стоки од Република Македонија