Воведување на претплата за ЕСЈН

Како резултат на сè почестото користење на електронските јавни набавки и електронските аукции во Република Македонија, се јави потреба од континуиран развој, унапредување и секојдневно одржување на апликацијата на ЕСЈН. За подобрување на функционалностите кои ги нуди апликацијата на ЕСЈН и за добивање на услуги на највисоко ниво заради поголема сатисфакција, се воведува годишна претплата за користењето на ЕСЈН.

Годишната претплата e утврдена врз основа на категоријата/големината на економскиот оператор и изнесува:

Вид на економскиоператор Износ на надоместок за една година (без ДДВ) Услуги
Договорни органи регистрирани како економски оператори
Микро трговец
Физички лица
2.000 денари Добивање информации за нови огласи по е-пошта за три избрани категории на набавки

Преземање на тендерска документација

Учество на електронски постапки и електронски аукции.

Мал трговец
Среден трговец
4.000 денари
Голем трговец 8.000 денари
Економски оператори од странство 200 евра

За да се регистрирате на системот како економски оператор кликнете тука

После регистрацијата ќе биде генерирана профактура за која што е потребно да се изврши плаќање, по што профилот на корисникот ќе биде активиран.

За користење на Електронскиот систем за јавни набавки, договорните органи ги плаќаат следните надоместоци:

Вид на услуга Износ на надоместок по објавен оглас или прилог (без ДДВ)
Објавување оглас за јавна набавка за постапка со барање за прибирање на понуди 600 денари
Објавување оглас за јавна набавка за отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог, постапка со преговарање со претходно објавување на оглас и оглас за конкурс за идејно решение 600 денари
Објавување прилог за изменување и дополнување на објавен оглас за јавна набавка 600 денари
Објавување на оглас за воспоставување на квалификациски систем 6.150 денари
Објавување оглас за доделување концесии и јавно приватно партнерство 6.150 денари

Донесен е Тарифник за висината на надоместоците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки. За подетални информации можете да го преземете подолу:

Преземи