За нас

Краток преглед на активностите

Бирото за јавни набавки е формирано како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Македонија.

Главните цели на БЈН го опфаќаат обезбедувањето кохерентна законска рамка која е усогласена со законодавството за јавни набавки на ЕУ, обезбедувањето рамка за еднообразна примена на прописите во областа на јавните набавки и развивањето на капацитетот за спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки на хоризонтално ниво кај договорните органи во Република Македонија.
Главните функции на Бирото за јавни набавки се следните:

  • Регулаторна функција – подготовка на нормативни акти во областа на јавни набавки и нивно доставување за усвојување од Собранието или до Владата;
  • Советодавна функција – издавање мислења за одредбите и спроведувањето на ЗЈН; советување на договорните органи и економските оператори; развивање модели за стандардна тендерска документација;
  • Обуки – организирање и спроведување обуки за државни службеници и други лица; утврдување на минималните услови за професионални квалификации за службениците за јавни набавки; развивање упатствата и прирачници;
  • Функција на следење – собирање, обработка и анализирање на податоците за јавни набавки и подготовка на статистички извештаи; одржување и ажурирање на евиденцијата за доделени договори за јавни набавки; надзор над законитоста на постапките за јавни набавки; поднесување годишен извештај до Владата за неговите активности во функционирањето на системот на јавни набавки;
  • Оперативно-развојна функција – развивање, управување и работење со Електронскиот систем за јавни набавки;
  • Меѓународни односи – соработка со меѓународни институции и други странски субјекти за работи поврзани со развојот на системот на јавни набавки.

Согласно со член 14 од Законот за јавните набавки (“Службен весник на Република Македонија” бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11 и 24/12 пречистен текст), Бирото ги врши следниве работи:

  • иницира предлози за донесување на законски и други акти од областа  на јавните набавки до министерот за финансии,
  • го следи и анализира спроведувањето на законот и другите прописи за јавни набавки, функционирањето на системот на јавните набавки и иницира промени за подобрување на системот на јавните набавки,
  • дава мислење во врска со одредбите и примената на овој закон,
  • обезбедува совети и дава помош на договорните органи и економските оператори,
  • подготвува модели на тендерска документација и модели на формулари за постапките регулирани со овој закон,
  • води единствена евиденција на договорите за јавни набавки и истата ја одржува и ажурира и ја прави достапна до јавноста преку ЕСЈН,
  • го следи навременото доставување на податоци и оневозможува користење на ЕСЈН на корисниците кои не ги почитуваат своите обврски во однос на користењето на ЕСЈН,
  • презакажува електронска аукција во случај на техничка грешка, пад на ЕСЈН и по одлука на Државната комисија за жалби по јавни набавки,
  • ги анализира образложенијата за неспроведување на електронска аукција согласно со членот 123 од овој закон и доколку истите не се основани му укажува на договорниот орган за сторениот пропуст,
  • предлага кодекс на однесување при спроведување на јавните набавки кој го донесува министерот за финансии,
  • прибира, ги обработува и анализира податоците за јавни набавки и подготвува статистички извештаи,
  • за констатираните неправилности од добиените известувања веднаш ги информира договорните органи, а по потреба и надлежните органи,
  • утврдува минимални услови за професионалните квалификации за лицата кои вршат стручни работи за јавните набавки,
  • организира и врши обука за едукација за службеници и на други стручни лица во врска со јавните набавки,
  • управува и оперира со својата веб страница и Електронскиот систем за јавни набавки
  • соработува со меѓународните институции и други странски субјекти за работите поврзани со развојот на системот на јавните набавки,
  • остварува меѓународна соработка во врска со системот на јавните набавки и ја планира и ја координира странската техничка помош на полето на јавните набавки,
  • поднесува годишен извештај до Владата за неговите активности во функционирањето на системот на јавните набавки,
  • дава упатства и изготвува прирачници и коментари на правилата за јавни набавки и издава електронски билтен и врши други работи утврдени со овој закон.

Со работата на Бирото за јавни набавки раководи директор кој го именува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за финансии за период од 4 години. Бирото за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија и пред министерот за финансии. Подолу можете да ја видите и организациската структура со контакт информации за сите вработени. Една од основните заложби на Бирото е зголемување на транспарентноста и достапноста до информации на јавноста.

Контакт

Министерство за финансии
Биро за јавни набавки
Палата “23 Октомври”
ул. Даме Груев бр.12
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: +389 2 3255 689
е-пошта: legislativa@bjn.gov.mk
info@bjn.gov.mk

в.д. Директор
м-р Александар Аргировски
е-пошта: aleksandar.argirovski@bjn.gov.mk

Сања Ѓуровска
Државен Советник
е-пошта: sanja.gjurovska@bjn.gov.mk

Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи

м-р Рита Глигоријевска
Раководител на сектор
е-пошта: rita.gligorievska@bjn.gov.mk

Габриела Папеш
Соработник
е-пошта: gabriela.papes@bjn.gov.mk

Александра Маџевска-Сараќинчева
Помлад соработник
е-пошта: aleksandra.m-sarakjincheva@bjn.gov.mk

Мила Трајковиќ
Помлад соработник
е-пошта: mila.trajkovik@bjn.gov.mk

м-р Александар Данаилов
Помлад соработник
е-пошта: aleksandar.danailov@bjn.gov.mk

Един Ѓерлек
Помлад соработник
е-пошта: edin.gjerlek@bjn.gov.mk

Билјана Каракашова Шулев
Помлад соработник
е-пошта: biljana.karakashova@bjn.gov.mk

Јулијана Бојчева
Самостоен референт
е-пошта: julijana.bojceva@bjn.gov.mk

Јасмин Каришиќ
Писар-самостоен референт
е-пошта: jasmin.karisik@bjn.gov.mk

Сектор за следење на системот за јавни набавки и управување со ЕСЈН

м-р Марија Јованоска
Раководител на сектор
е-пошта: marija.jovanoska@bjn.gov.mk

м-р Горан Давидовски
Помошник раководител на сектор
е-пошта: goran.davidovski@bjn.gov.mk

м-р Марина Наумоска-Костиќ
Соработник
е-пошта: marina.kostic@bjn.gov.mk

м-р Александра Петревска
Помлад соработник
е-пошта: aleksandra.petrevska@bjn.gov.mk

Драгана Николоска
Помлад соработник
е-пошта: dragana.nikoloska@bjn.gov.mk

Ирина Арсовска
Помлад соработник
е-пошта: irina.arsovska@bjn.gov.mk

Билјана Ристески
Помлад соработник
е-пошта: biljana.risteski@bjn.gov.mk

Николинка Јовановска
Помлад соработник
е-пошта: nikolina.jovanovska@bjn.gov.mk

Самостојно одделение за управување со човечки ресурси

Искра Давитковска-Костовска
Раководител на одделение
е-пошта: iskra.davitkovska-kostovska@bjn.gov.mk

Самостојно одделение за финансиски прашања

Александар Блажески
Раководител на одделение
е-пошта: aleksandar.blazeski@bjn.gov.mk

Љупка Георгиевска
Самостоен референт
е-пошта: ljupka.georgievska@bjn.gov.mk

Анкица Китановиќ
Помлад соработник
е-пошта: ankica.kitanovic@bjn.gov.mk

Ирена Митевска
Самостоен референт
е-пошта: irena.mitevska@bjn.gov.mk

Одговорно лице за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер:
Драгана Николоска
Помлад соработник
е-пошта: dragana.nikoloska@bjn.gov.mk

Мила Трајковиќ
Помлад соработник
е-пошта: mila.trajkovik@bjn.gov.mk

Овластено лице за постапување по претставките и предлозите:
м-р Александар Данаилов
Помлад соработник
е-пошта: aleksandar.danailov@bjn.gov.mk

Контакт лице за комуникација со граѓани кои што имаат некаков вид и степен на попреченост:
Искра Давитковска-Костовска
Раководител на одделение
е-пошта: iskra.davitkovska-kostovska@bjn.gov.mk

Офицери за заштита на лични податоци:
м-р Александар Данаилов
Помлад соработник
е-пошта: aleksandar.danailov@bjn.gov.mk

Билјана Ристески
Помлад соработник
е-пошта: biljana.risteski@bjn.gov.mk

КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Кодекс за административни службеници (Службен весник на РМ, бр. 183 од 12.12.2014 година)