Измени и дополнување на Законот за јавните набавки

Почитувани,

Ве известуваме дека Собранието на Република Македонија ги донесе Измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, кои се објавени во Службен весник на Република Македонија бр.192/2015.

Овој закон влегува во сила на осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година, освен одредбите од членот 2 со кои се додаваат нови членови 14-ѕ и 14-и, членот 4 со кој се изменува членот 101-а, членот 5 со кој се дополнува членот 160 став (2) и членот 6 од овој закон со кој се додава нов став (3) во членот 190, кои ќе отпочнат да се применуваат со денот на влегувањето во сила на овој закон.

Во наредниот период, Бирото за јавни набавки ќе изготви работна верзија на пречистениот текст на законот и истата ќе ја објави на својата веб страна.

Закон за измена и дополнување на Законот за јавни набавки (Сл.весник на РМ бр.192/15)

Со почит,

Биро за јавни набавки