Александар Аргировски

Александар Аргировски

Александар Аргировски е роден на 12 јуни 1979 година во Кичево. Средно образование завршил во САД, а дипломирал политички науки на Правниот факултет во Скопје. Својата професионална кариера ја започна во Министерството за финансии во 2002 година. Во Бирото за јавни набавки е од неговото основање во 2005 година. Од тогаш, областа на јавни набавки е секојдневно во фокусот на неговиот професионален интерес. Континуирано напредува во државната служба, почнувајќи како помлад референт во 2002 година, соработник во 2004 година, советник во 2005 година, помошник раководител на сектор во 2007 година, достигајќи го звањето државен советник во 2013 година. Низ годините е вклучен во сите дејности на Бирото за јавни набавки, а особено  во нормативната дејност, воспоставувањето на едукацијата за јавни набавки и координацијата на меѓународната соработка.

Беше активно вклучен во подготовката на актуелниот Закон за јавни набавки во 2007 година, како и повеќето подзаконски акти, модели на тендерски документи и прирачници што може да се најдат на веб страната на Бирото. Во делот на меѓународните активности на Бирото, во повеќе наврати ја претставувал Република Македнија на состаноците на Експертската група за јавни набавки на ЕУ, на Поткомитетотот за внатрешен пазар за Поглавје 5 - јавни набавки, во координирањето на активностите поврзани со ИПА, на соработката со СИГМА, оценските мисии на Светска банка и ЕБРД, како и бројни други активности на регионално и европско ниво.

Земал учество на бројни конференции и семинари од областа на јавните набавки. Сертифициран е обучувач за јавни набавки од воспоставувањето на програмата за едукација за јавни набавки, а поседува и меѓународен сертификат за обучувач од ITC-ILO центарот во Торино, Италија. Има завршено специјалистичка програма за јавно-приватни партнерства на Институтот за ЈПП (IP3) од Арлинготон, САД. Автор и коавтор е на повеќе стручни трудови од областа на јавните набавки. Магистер е по економски науки, а магистрирал на тема „Влијанието на јавните набавки во меѓународната трговија“. Течно зборува англиски јазик. За вршител на должноста директор на Бирото за јавни набавки е именуван на 29.12.2014 година.